Министерот за здравство Сашо Клековски објави дека се сретнал со претставници на Меѓународната групација на болници (IHG) и британската Амбасада на која станало збор за продолжување на здравствените проекти во Македонија.
Беше претставен ажурираниот предлог на IHG за завршување на Клиничката болница во Штип, заедно со Медицинскиoт факултет и студентското сместување. Во фокус беше можноста за брз и видлив резултат за граѓаните преку забрзана програма на подготвителни активности, додека паралелно се финализираат обемот на проектот, договорот и финансирањето, напиша Клековски на неговиот фејсбук профил.
Целта, како што посочува, е современа болница и интегриран здравствен и едукативен кампус што ќе го поддржи долгорочниот развој на здравството и клиничката обука во земјава.
Продолжуваме со активна соработка со сите партнери за реализација на овој важен проект за граѓаните на Штип и пошироко, наведува Клековски.




