На видиковецот на Водно гори двокатен автобус на ЈСП – Скопје.
– Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат – информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според Ангелов, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација.
фото: архива




