Ја слушав онаа прес конференција која што ја имаа пратеници во рамките на македонското Собрание каде што имаше две тези кои што сами по себе се небулозни, и на отворена сцена покажуваат непознавање. Ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје и да тргуваат со стабри вакцини или пак да горат модуларни болници, тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук друго не им е во нивната политичка матрица, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на критикита на опозицијата околу јавниот долг.
-Но, каква е вистината и кава е реалноста?! Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми кои што Државното јавно претпријатие за джавни патишта ги зема, затоа што тие не влегуваат во јавниот долг и тоа треба да го знаат затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат работите и така се испорачуваат фактури и така се повлекуваат заеми и така се плаќаат, појасни Мицкоски.
Премиерот натаму додаде:
-Втората теза, зошто онаа одлука на владата од 31 август за задолжување на Меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на буџетот, затоа што таа е да се издаде Еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови кои што го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата. За да можеме да ја вратиме обврзницата која што тие ја земаа во корона кризата за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стабври вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, на врвот по број на жртви за време на корона кризата, рече тој.
Во продолжение Мицкоски додаде:
-Ете таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција која што продолжува да биде континуитет на бандитска власт, во периодорт, кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија, заклучи Мицкоски во однос на изнесените тези од страна опозицијата за долгот на државата.




