Ракометните суперлигаши денеска одиграа три натпревари од стартното коло. Алкалоид во дуелот со „помладиот тим“ од Автокоманда постигна победа од 38:28, додека Прилеп го совлада МРК Куманово 38:31.
Најдраматично од денешните дуели беше на натпреварот меѓу Бутел и Младост, кој заврши со резултат 30:30, а домашниот тим испушти водство од 30:26 во последните минути.
На вчерашниот натпревар првакот Вардар го победи Еурофарм Пелистер 2 со 31:19.
Утре се игра дербито меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер со почеток во 19 часот, а половина час порано почнува натпреварот Струга – Тиквеш. (МИА)




