Фудбалерите на Барселона постигнаа убедлива победа од 5:0 на гостувањето кај Валенсија и со четири победи и 12 бода се на лидерската позиција во Ла Лига. За разлика од нив Валенсија на нашиот голман Столе Димитриевски е последна со само еден бод.
Барселона поведе во 6.минута со голот на Ламин Јамал, а на 2:0 зголеми Фермин. Во вториот дел „каталонците“ постигнаа уште три гола, а серијата ја почна Рафиња во 50.минута. Четвртиот и петтиот гол беа постигнати по асистенции на Дани Олмо, а стрелци беа Педри во 79.минута и Јамал во 84.минута.
Македонскиот голман на голот на Валенсија, Димитриевски и покрај петте примени голови беше еден од подобрите во својата екипа, а имаше и пет одбрани. (МИА)




