Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на централната свеченост пред Владата по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

По повод Денот на независноста, Клековски се огласи на Фејсбук, нагласувајќи дека 35 години по осамостојувањето, независноста не треба да се доживува само како историски спомен, туку и како обврска и одговорност кон државата и граѓаните.

Фејсбук/Сашо Клековски

„Триесет и пет години подоцна, независноста не е спомен туку одговорност — секој ден одново да се гради и заслужува преку работата што ја вршиме за граѓаните“, порача Клековски.

Со пораката, министерот стави акцент на секојдневната работа, институционалната одговорност и посветеноста како основа за натамошен развој на државата.