На 08.09.2026 во 22:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода Г.И.(28) од Битола.
Според пријавеното, Г.И. во семејниот дом со остар предмет го нападнала нејзиниот татко и му нанела расекотина.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.




