Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15 илјади евра поврзано со тендер во Царинската управа.
МВР, преку Бирото за јавна безбедност, обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот.
По преземањето на парите, Имери не застанал на полициските наредби и се дал во бегство. По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.
Ова е конкретна борба против криминалот и корупцијата. Законот мора да важи подеднакво за сите, без разлика на функцијата и позицијата.




