Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК. Се работи за Џевет Имери, вработен како заменик-директор во секторот за админстрација на ЦУ.

-Во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа. Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.