Песков денеска ја коментираше и изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека би отпатувал за Мајами доколку Путин учествува на форумот, со цел таму да се сретне со рускиот претседател. Портпаролот на Кремљ ја потврди повеќепати изнесуваната руска позиција дека, доколку Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе треба да ја посети Москва.

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами
Freepik

Москва сè уште нема одлучено дали рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во американскиот град Мајами, Флорида – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Самитот е закажан за 14 и 15 декември годинава.

– Не знаеме дали ќе одиме во Мајами – рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.

Изјавата на Песков следува откако советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, претходно денеска изјави дека можноста претседателот Путин да учествува на овој самит „воопшто не била разгледувана“. Во април годинава, портпаролот на Кремљ спомена дека е можно рускиот лидер да отпатува за САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека присуството на Путин на самитот во декември „би било многу корисно“.

Песков денеска ја коментираше и изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека би отпатувал за Мајами доколку Путин учествува на форумот, со цел таму да се сретне со рускиот претседател. Портпаролот на Кремљ ја потврди повеќепати изнесуваната руска позиција дека, доколку Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе треба да ја посети Москва.

Освен тоа, Песков ја коментираше и ескалацијата на Блискиот Исток, откако јеменските бунтовници Хути презедоа контрола врз стратешкиот остров Перим во Црвеното Море. Тој нагласи дека ситуацијата во протокот Баб ел-Мандеб се развива на неконтролиран начин, што предизвикува голема загриженост во Москва.