Катар денеска предупреди дека евентуалното затворање на поморскиот проток Баб ел Мандеб, по неговото преземање од страна на јеменските бунтовници Хути, би имало катастрофални последици за светската економија.
– Светот веќе доволно страда поради затворањето на Ормуска Теснина, не можеме да си дозволиме на тоа да го додадеме и затворањето на Баб ел-Мандеб. Последиците ќе бидат катастрофални – изјави Ибрахим ал Хашми, претставник на катарското Министерство за надворешни работи.
Поради тоа, тој нагласи дека Катар упатува итен повик за решавање на кризата преку дипломатија и дијалог.




