Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани до 7.30 часот изутринава, од кои нема активни, еден пожар е под контрола, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (општина М. Брод), проширен кон Јасен (општина Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.

Изгаснати се 11 пожари: во општина Теарце: с. Нераште – ѓубре, општина Свети Николе: с. Ерџелија – ниска вегетација и ѓубре, општина Велес: с. Раштани и с. Белештевица – ниска вегетација, општина Карпош: кеј на Вардар – ѓубре, општина Сарај: с. Долно Свиларе – ниска вегетација и мешана шума, општина Гази Баба: с. Трубарево – ниска вегетација и ѓубре, општина Долнени: с. Десово – ниска вегетација, општина Битола: кај „Економијата“ од затворот, во близина на Битола – ниска вегетација, општина Куманово: с. Агино Село – ниска вегетација, општина Илинден: с. Дељадровци и с. Мршевци – ниска вегетација, општина Гази Баба: с. Стајковци – ниска вегетација.