Маж гризнал крокодил во филипинскиот град Балабак за да го спаси синот. Крокодилот се појавил кога 12-годишно момче се капело во реката со својот брат. Крокодилот го гризнал за левата рака и го повлекол под вода.

Помалото момче истрчало дома и го повикало татко си на помош.

-Мажот се обидел да го совлада крокодилот удирајќи го со тупаници, и потоа го гризел неколку минути. Крокодилот не издржал и го пуштил момчето и отпливал, изјави полициски претставник.

Момчето било пренесено во болница за да му се укаже медицинска помош.

Во 2018 година, беше објавено дека жител на Балабак спасил 15-годишен син по нападот на крокодил долг 4,5 метри.