ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот, односно денеска поднесе иницијатива за распуштање на парламентот и формирање на техничка влада, се разбира следствено на тоа и оставка на претседателот на Владата, како што е регулирано со закон, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју на МТВ.
Мицкоски образложи и пример, сличен на оној кој што СДСМ го направи за време на референдумското изјаснување. И за време на локалните избори кои што се случуваа есента 2017-та година.
– Практично во отсуство на било какви аргументи, Владата се обидува да наметне став во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а моли Бога да не ги добие истите. Ние антиципиравме дека СДСМ ќе се обиде да ја примени оваа стратегија во јавноста имајќи ги во предвид гласните на нејзините јуришници помеѓу медиумите кои ќе повторуваат во јавноста една иста реченица во периодот кој што следува. Сакавме да ја демастифициравме и да ја откриеме вистинската намера на СДСМ. И заради тоа во текот на вчерашниот ден имавме седница на Извршниот, имавме седница на Централниот Комитет на партијата и за време на тие седници партијата едногласно донесе одлука во текот на денешниот ден, што и се случи, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, пратениците кои се дел од таа пратеничка група, да поднесат иницијатива за распуштање на парламентот, нагласи Мицкоски.
Мицкоски рече дека, за да и биде на јавноста појасно, согласно Законот за Влада, кога ќе имаме предвремени парламентарни избори или редовни парламентарни избори тогаш техничка влада е обврзувачка. Што значи дека делот од министерските решенија во таа техничка влада ќе биде во надлежност на опозицијата и дел на заменик министерските места ќе бидат на номинација на опозицијата. СДСМ и оваа влада не се подготвени да имаат реален одраз на силите, односно слободни фер гласање. Еклантантен пример имаме на референдумското изјаснување каде што се проби законот на физиката имаше надчовечко гласање од 2,4 секунди глас во одредени избирачки места, потенцира Мицкоски.