Работнички го доби дуелот на поранешните македонски шампиони, откако како гостин ја совлада Македонија Ѓорче Петров со минимални 0-1.
Одлуката падна во второто полувреме, кога Андреј Кудијан го постигна единствениот гол на натпреварот и му донесе три бода на Работнички.
Пелистер, пак, забележа победа од 1-0 против ГФК Охрид на теренот во Новаци. Битолчани до победата стигнаа со голот на Стојанов во 40. минута, со што предност успеаја да ја задржат до самиот крај.
Без победник, 0-0, завршија натпреварите меѓу Тетекс и ГФК Осогово, како и Еуромилк ГЛ и Беласица.
Три бода освои и Новаци, кој на гостувањето во Гевгелија со 0-1 го совлада Кожув.
Со идентични 1-0, Камјани беше подобар од Детонит Плачковица.




