Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што Венко Филипче ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во СДС е само со цел да го оттргне вниманието од проблемите и да се обиде да ја задржи кохезијата внатре во партијата.
Од аспект на ВМРО-ДПМНЕ, вистината говори дека за нас нема подобро решение од тоа Венко Филипче да биде претседател на СДС. Го охрабруваме да не се откажува и да продолжи да го води СДС, се вели во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.




