Водоснабдувањето за повеќе улици на скопската територија ќе биде прекинато од 14:40 часот поради уличен дефект, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Вода ќе немаат улиците„ Хо Ши Мин“, „Милан Комненски“, „Ѓорѓи Костовски“, „Кирил Манчев“, „Краишка“, „Натанаил Кучевишки“, „Марјан Лазевски“, „Софре Марковски“, „Кота Ристевски“, „Петар Чангов“, „Лазо Дренков“, „Рудо“, „Дабница“, „Марко Крале“, „Андре Мазон“, „Зуфер Мусиќ“, „Љубо Петковиќ“, „Приштинска“, како и дел од „Призренска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.




