Додека надлежните од власта работат на сите полиња што води кон подобри услови во државата за секој еден граѓанин, во опозицијата се случува хаос – изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Деновиве премиерот Христијан Мицкоски со динамична агенда во САД со цел нови инвестиции за Македонија и продлабочување на партнерствата со САД и НАТО, како и изнаоѓање начини за забрзување на процесот за вклучување во ЕУ.
Во меѓувреме, во опозицијата наместо консолидирање и размислување што би им понудиле реално на граѓаните, се случува циркус.
Од една страна Венко Филипче и талогот на СДС, од друга страна поранешни функционери на СДС, но и актуелни се поставуваат контра Филипче.
И во сиот овој циркус, Филипче наместо да си ја гледа домашната работа, тој ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Се додека за Филипче само другите се виновни, СДС тешко дека може да се извлече од дното.
На Филипче и талогот од СДС повторно ќе им порачаме, прво, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДС, а ВМРО-ДПМНЕ ниту сака, ниту има намера да се меша во нивната внатрешна работа. Единствено нешто што прави ВМРО-ДПМНЕ е спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




