Граѓани на Приштина и на други градови во Косово и синоќа се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Приштина на протестот „Не во мое име“ против осудувачката пресуда на Меѓународниот суд во Хаг за поранешните лидери на ОВК.
Тоа беше тринаесетта вечер по ред како се одржува протестот.
Демонстрациите уследија откако косовското Собрание вчера ја усвои Декларацијата во врска со пресудата на Специјализираните судски совети во Хаг, со која пратениците оценија дека е „неприфатлив заклучокот за постоење здружен злосторнички потфат“.
Истовремено, сè погласни се и барањата во Собранието што поскоро да се отвори постапка за измени и дополнувања на нацрт-законот за Специјализираните совети.
Протестот „Не во мое име“ се одржува секоја вечер во Приштина од 16 септември, кога беше изречена судската пресуда во Хаг.
Специјализираниот судски совет во првостепена постапка ги осуди Хашим Тачи и Јакуп Красниќи на по 25 години затвор за воени злосторства, Кадри Весељи е осуден на 18, а Реџеп Селими на 13 години затвор.




