Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со последниот јавен настап покажа дека политичката пресметка може да се спушти и на ниво на лични навреди, нарекувајќи го премиерот Христијан Мицкоски „идиот“. Тешко може да се каже дека ваквиот речник претставува нормална политичка дебата, особено кога станува збор за претседател на политичка партија и човек кој бара доверба од граѓаните.
Тука веќе не станува збор само за несоодветен избор на зборови, туку за говор кој остава впечаток на човек кој се наоѓа во сериозна политичка криза и сложена состојба. Кога наместо аргументи се користат навреди, неизбежно се отвора прашањето што стои зад таквата нервозна реакција.
Филипче со својот настап манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби во СДСМ и од силни политички притисоци. Таквата реторика на Филипче остава впечаток на човек кој е ставен во тесно политичко ќоше и кој, наместо одговори, избира напади.
Особено е проблематично што ваквиот речник доаѓа од човек кој е доктор, професор и дел од академската заедница. „Идиот“ не е политички аргумент, ниту е речник кој доликува на професор, доктор и политичар. Од луѓе со таков професионален и академски профил, кои бараат доверба од граѓаните, се очекува аргументирана дебата, а не лични квалификации и навреди.
И тука се поставува прашањето: Дали би му довериле одговорност и управување на човек кој во јавната комуникација, на телевизија, употребува ваков вокабулар?
Ова веќе не е само прашање на политичка комуникација, туку сериозен проблем кога станува збор за човек кој е под силен политички притисок. Ако во политичката дебата нервозата и навредите се претставуваат како нормална реакција, тогаш се поставува прашањето што е тоа што толку многу ја предизвикува ваквата вознемиреност кај него.
Зошто претседателот на СДСМ Венко Филипче е толку нервозен кога станува збор за Бугарија? Зошто толку инсистира на позиција која изгледа како капитулација пред Софија? И, конечно, што е вистинската причина за неговиот денешен испад?
Видео плејер
Денешниот испад и навредите на Филипче кон премиерот Христијан Мицкоски отвораат една друга приказна. Проблемот не е Исланд и не треба да се бара алиби за пренасочување на дебатата. Суштинското прашање е дали претходно преземените политички обврски од страна на неговата партија, денес не можат да се исполнат и дали токму тие некогаш преземени обврски му претставуваат проблем.
Дали токму тие обврски се причина за нервозата? Дали зад жестоките реакции стои притисокот од политички позиции кои сега треба да се оправдаат пред јавноста?
И конечно, тука доаѓаме до клучното прашање: Зошто толкава возбуда околу тоа дали Исланд е дел од европскиот пазар?
Тоа не е суштината на политичката дебата за европскиот пат на Република Македонија. Суштината е зошто се покажува толкава нервоза кога станува збор за Бугарија и за обврските што се поврзуваат со европскиот пат на Македонија.
Наместо дебатата повторно да се сведува на навреди, време е отворено да се зборува за суштината. Кои се преземените обврски? Кој ги презел? Што точно се очекува од Македонија и зошто секое отворање на прашањето за Бугарија предизвикува толкава политичка нервоза?
На крајот, останува впечатокот дека навредата „идиот“ е само врвот на една многу поширока политичка приказна. Зад острите зборови остануваат прашањата за политичкиот притисок, за преземените обврски и за позициите што се застапуваат кога станува збор за Бугарија и европскиот пат на Македонија. Наместо лични навреди и нервозни настапи, јавноста заслужува јасни одговори, што точно е преземено, зошто е преземено и кој денес треба да сноси политичка одговорност за тие одлуки.
Извор: Курир




