Косово е подготвено за компромисно решение со Србија за да бидат разрешени проблемите меѓу двете страни. Тоа се нагласува во писмо на косовскиот претседaтел Хашим Тачи до американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ќе бидам подготвен да направм компромиси неопходни за постигнување сеопфатно и балансирано решение што ќе ги опфати сите сериозни проблеми, и на тој начин да биде ставен крај на конфликтот со Србија и постигнување мир во целиот регион, нагласува Тачи во писмото од 8 јануари.
Засега е најасно зошто Тачи објавува денеска писмо откако претходно добил писмо од Трамп во кое тој повикува Косово да направи се што е можно за договор со Србија.
Во писмото Тачи се обврзува дека ќе заврши свои обврски и ќе апелира до граѓаните на Косово да зборуваат со еден глас, во мир, за време на разговори да се воздржат од делување што тешко би направило можно постигнување договор.