КК Пелистер тргна победнички во Суперлигата хо победија ТФТ со (78-70) во првото сезонско дерби со ривалот во шампионатот.

Прв поентер кај Пелистер на мечот беше Камерон Мекдоуел со 19 поени и седум скока, голем придонес дадоа и Иван Сапунџиев со 14 поени и шест скока и гореспоменатиот Карен Вилсон кој мечот го заврши со 14 поени.

Кај ТФТ Скопје се истакна новото засилување Секој Сила со 31 постигнат поен и девет скока, но поддршка со двоцифрен учинок доби само од Нејкавион Вајт со 12 поени и седум скока зад своето име.

Кожув од Гевгелија со победа кај вицешампионот Скопје (95-101) ја стартуваше новата сезона во Суперлигата на Македонија.

Најдобар стрелец беше Никола Бојчев со 24 поени, го следеше Тери Армстронг со 23 поени, а Симиќ постигна 21 поени.

Од останатите, Бурис даде 20, а Крстевски 10 поени. Кај Скопје, Колин Паркер постигна 26 поени, исто колку и Камерон Џонс.