До четврток во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло време, а од петок се очекува промена на временските услови.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи и во текот на викендот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни, особено во западните делови од земјава. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Во недела се очекува промена на правецот на ветерот, кој ќе дува од северен правец, што ќе услови промена на температурите и посвежо време.

Фото: архива