На 4 октомври 2026 година во 14:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, Ф.К. од струшкото село Радолишта физички го нападнал 33-годишниот Ш.С., исто така од Радолишта.
По нападот, Ш.С. бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што му биле констатирани телесни повреди.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.




