Во Берово утрово се измерени -4 степени, во Битола нула, еден степен во Демир Капија и Струмица, три во Тетово и Велес, четири во Крива Паланка, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци и Гевгелија, шест во Скопје, девет степени во Крушево, соопшти УХМР.

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До четврток ќе се задржи сончево и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.