ВМРО-ДПМНЕ РАФАЛНО КОН НИКОЛА ДИМИТРОВ: Вие сте без морал, ве интересираат само парите!

/ 29.01.2019

Вие во доста еуфорична атмосфера оваа завршница ја претставувате. Ова затворање на македонското прашање што вие го нарекувате договор за мене е спогодба. Бидејќи договор е многу повисок акт кој има право да го потпише само Претседателот на државата, не и министрите.

Меѓутоа спогодбата ја применивте како договор, појасни Зоран Ѓорѓиевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на седницата Собрание на Република Македонија за интерпелација на Димитров.

Ѓорѓиевски образложи дека без обѕир што оваа спогодба беше отфрлена на референдумот на 30-ти септември и таа еуфорија која се трудите да ја прикажете кај вас, која ние како граѓани на Република Македонија сме ја виделе после референдумот во 91-ва година.

Не ја видовме таа еуфорија нити после референдумот на 30-ти септември, нити после вашето изгласување. Мене ми е јасно дека ги браните ставовите бидејќи сте соучесник во целиот овој проект на обезименување и обезличување на Република Македонија. Свесни сме дека мора вака да се однесувате меѓутоа, жал ми е како млад човек да не сте свесни дека целиот овој проект е извршен благодарение на трети центри, посочи Ѓорѓиевски.

Македонскиот народ не доби одговор зошто вие го нарековте искомплексиран? Тоа е она што го очекувавме во најмала рака да го добиеме како одговор. Да бев на ваше место одамна од морални причини ќе си дадев оставка, но очигледно е дека вие како човек не поседувате морал и тоа ќе го поткрепам со неколку аргументи.

Потпишавте срамен договор со Бугарија, потпишавте и противзаконски капитулантски договор со Грција иако со законот и Уставот на Република Македонија го немате тоа право, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска на денешната собраниска расправа по интерпелација за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Неговат сопартијка, Стаменковска му порача на Димитров дека се навикнал целиот живот да го живее на сметка на македонскиот народ споменувајќи му ја стипендијата која што ја доби неговата ќерка за студии во Холандија во вредност од 40 илјади долари. Очигледно е дека ве интересираат само парите, а не ве интересира кој е интересот на македонскиот народ, односно на граѓаните на Република Македонија, кажа пратеничката Стаменковска.

 


Од истата категорија