„Еве денеска излезе еден податок дека годишната инфлација е 2,7%, нешто што во услови на ваква незапаметена криза е за почит. Исто така импонира и растот на градежништвото и на бруто домашниот производ. И сега јас го разбирам тоа дека ви рекле ајде еве темава е сензитивна. Никој од нас не кажува дека во државава се живее сјајно. Ние викаме дека имаме уште работа, но исто така никој не може да ни го одземе фактот и аргументите дека многу подобро се живее во моментов, отколку кога вие ја водевте државата“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собрание.
Стојаноски посочи дека минималната плата, опозициската СДС во првите две години власт, ја покачила за 2.427 денари, додека ВМРО-ДПМНЕ за 3.479 денари, односно за 1.052 денари повеќе. Во однос на просечната плата, тој додаде дека во првите две години, СДС ја покачила за 2.397 денари, а ВМРО-ДПМНЕ за две години, просечната нето плата ја покачи за 7.538 денари, односно за 5.141 денари повеќе.
„Е сега за оглед дека збориме за економија, секој од нас може да си кажува различни политички памфлети, празни зборови. Јас би сакал нешто да споредам. Првите две години власт на ВМРО-ДПМНЕ кога има сериозна енергетска криза и првите две години власт на СДС кога немаше никаква криза и кога ја имавте целата поддршка од целиот свет. Ајде да одиме вака. Минимална плата СДС за две години тогаш ја покачила за 2.427 денари. ВМРО-ДПМНЕ за 3.479 денари, односно 1.052 денари повеќе минималната плата ја покачувала ВМРО-ДПМНЕ, за две години, од тоа што го направи СДС. Просечната плата за две години ја покачува за 2.397 денари, а ВМРО-ДПМНЕ за две години просечната исплатена нето плата ја покачила за 7.538 денари, односно 5.141 денари разлика повеќе покачена во ВМРО-ДПМНЕ за две години отколку за СДС“, кажа Стојаноски и додаде:
„За две години СДС раст на пензии 540 денари, ВМРО-ДПМНЕ – 6.805 денари просечно исплатена нето пензија, односно 6.265 денари повеќе. Ова се бројките и ова се резултатите’’, заклучи Стојаноски.




