Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, ги поздрави најновите политички случувања во Косово, оценувајќи го изборот на новата претседателка и постигнатиот политички консензус за Законот за Специјализираните совети како важни чекори кон зајакнување на институционалната стабилност и демократските процеси во земјата. Ферати ја истакна и посебната блискост меѓу Македонија и Косово, изразувајќи уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се продлабочува.

„Ѝ честитам на г-ѓа Јустина Широка Пула за изборот за претседателка на Република Косово и ѝ посакувам успешен и плоден мандат, исполнет
со голема одговорност и резултати во служба на граѓаните.
Македонија и Косово споделуваат посебна блискост, силни човечки врски и заеднички интереси. Убеден сум дека соработката меѓу нашите две земји ќе продолжи да се продлабочува, во интерес на нашите граѓани, како и на стабилноста и развојот на регионот.

Им честитам и на политичките актери во Косово за постигнатиот консензус околу Законот за Специјализираните совети, како важен чекор за институционалното функционирање.

Охрабрувачки е да се види како Косово напредува кон институционална стабилност и зајакнување на демократските процеси. За овој придонес, ја изразувам мојата благодарност и до премиерот Аљбин Курти, како и до сите оние кои придонесоа за постигнувањето на овој консензус.“