Филипче не е политичар, туку „чувар плаже у зимском периоду“, вака новинарот Драган Павловиќ Латас во куси црти го опишува „лидерот“ на СДСМ во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Во интервјуто на ТВ Алфа, Латас посочи дека Венко палијативно ја лечи сопствената партија, со кој метод тој самиот покажува дека таа е „пред умирање“.

-Oколу Филипче, јас него не го гледам како политичар, бидејќи он тоа не е. Тој е „чувар плаже у зимском периоду“, има филм еден така се вика. Сега да го употребам неговиот речник, тој сега применува еден метод на палијативно лечење на партијата. Што значи палијативно? Палијативно лечење е кога некој е болен пред или непосредно пред умирање и ти више не го лечиш, ти се обидуваш само да му ја намалиш болката, разговараш со него, му даваш некои чаеви и така натаму, за физички да му биде полесно за смртта кога ќе дојде да не биде во некои тешки болки или кома. Значи Филипче сега врши палијативно лечење на партијата и заради тоа таа партија е неизлечива. Тој самиот покажува дека е неизлечива бидејќи го применува овој метод, вели Латас во „За македонските работи“.

-Он е сега во конфликт со пола партија, а ако е со Бранко Црвенковски во конфликт, еден од основачите на партијата и оној кој ја држел на власт во најдолг период, тогаш е во конфликт со многу голем дел од СДСМ. Затоа јас не го коментирам или избегавм да го коментирам СДСМ, па дури и Филипче затоа што имам посебен респект према лекари и учители, наставници и професори се разбира. Едно општество се гради или паѓа првин на овие две „ствари“, на учители, на сите нивоа кога ќе кажам учители и лекари. Здравје и образование е основ на секоја фамилија, на човек, на општество, на држава, вклучително првен систем и другите, потенцира Латас во интервјуто со Цветановски.