Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп ќе искористи период од најмногу 60 дена за да го процени економското влијание на санкциите и царините поврзани со Русија, кои ги укина ден претходно.
Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува примената на новиот, сеопфатен пакет санкции против Русија, со образложение до Конгресот дека одлуката е од национален интерес.
Одлуката од петокот не прецизираше колку долго ќе трае одложувањето, но Рубио рече дека Трамп определил период за „преиспитување“ од 60 дена.
Целта на пакетот санкции беше да се лиши рускиот претседател Владимир Путин од ресурсите кои и се потребни на Москва за продолжување на војната во Украина, како и да се санкционираат руските функционери, банките и да се наруши „флотата танкери од сенка“ со кои руски енергети продолжуваат да стигнуваат до нивните дестинации.
Трамп минатата недела постигна договор во кој наведе дека Русија веднаш ќе испорача повеќе од 300.000 тони дизел, по што ќе следат дополнителни 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони „веднаш потоа“.
Договорот за дизел на Трамп со Путин предизвика остри критики и од републиканците и од демократите, кои веруваат дека тоа ќе ѝ помогне на Русија во водењето на војната против Украина.




