Официјални претставници на Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во декември во Мајами, но Вашингтон и Москва не го потврдија тој состанок, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места за негово одржување.
-Состанокот би можел да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, сè уште нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Би можел да се одржи и во некоја европска земја, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата Ватсап.
Тој додаде дека состанокот би можел да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток.




