Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја обвини имиграцијата за насилството за време на протестите во Франција.

Во објава на Икс, Венс сподели и видео на кое се гледа како гори градското собрание во Лимож.

„Западните либерали го увезоа третиот свет во Франција и другите земји во име на различноста и сочувството. Тие ги игнорираа фундаменталните прашања за асимилација и компатибилност. Беа предупредени дека тоа ќе доведе до ваков вид насилство, но тие не слушаа“, напиша Венс на Икс.