Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица,дека според информациите на СВР Тетово, синоќа неколку малолетници се обиделе да пристапат до две 11-годишни малолетни лица со намера да проверат дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до каков физички контакт.
СВР Тетово ја известува јавноста дека видеата кои се споделуваат во дел од медиумите не се од синоќешниот настан, туку станува збор за видеа од други претходни настани.
Полициски службеници од СВР Тетово преземаат мерки за целосно расчистување на случајот идентификување на инволвираните и утврдување на сите детали, со посебен фокус на превенција од какви било форми на меѓуетничка меѓунационална или спортска нетрпеливост меѓу младите.
Апелираме до јавноста за одговорно споделување информации и да се избегнува пласирање непроверени видео-материјали кои можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните.




