Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.
Ѓорѓиевски рече дека ова е ден кога со гордост се поклонуваме пред храброста на оние што својот живот го посветиле на Македонија.
Денес, како што посочи градоначалникот, нашата должност е тој аманет да го продолжиме со дела.
„Да ја чуваме татковината, да го негуваме македонскиот јазик, да ги браниме достоинството и слободата и да создаваме држава во која нашите деца ќе ја гледаат својата иднина. Пред жртвата на јунаците се поклонуваме. Пред одговорноста за Македонија стоиме исправено! Нека биде вечен споменот за нивната борба и нека биде неугаслив пламенот на нивните идеали!“, порача Ѓорѓиевски.




