​Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица,дека ​според информациите на СВР Тетово, синоќа неколку малолетници се обиделе да пристапат до две 11-годишни малолетни лица со намера да проверат дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до каков физички контакт.

​СВР Тетово ја известува јавноста дека видеата кои се споделуваат во дел од медиумите не се од синоќешниот настан, туку станува збор за видеа од други претходни настани.

​Полициски службеници од СВР Тетово преземаат мерки за целосно расчистување на случајот идентификување на инволвираните и утврдување на сите детали, со посебен фокус на превенција од какви било форми на меѓуетничка меѓунационална или спортска нетрпеливост меѓу младите.

​Апелираме до јавноста за одговорно споделување информации и да се избегнува пласирање непроверени видео-материјали кои можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните.