Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно се пожали на доцнењето во испораката на ракети за воздушна одбрана од САД и директно го обвини американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.
„Речиси еден месец чекам на потписот на г-дин Хегсет во врска со ракетите „Патриот“ и „НАСАМС“, напиша Зеленски денеска на социјалните мрежи.
Американските системи „Патриот“ се сметаат за особено ефикасни во пресретнувањето на балистичките ракети што ги користи Русија во војната против Украина.
Зеленски рече дека побарал уште еден разговор со американската страна.
Украина соработува со САД, Европа и други партнери кои имаат залихи од вакви ракети, напиша Зеленски.
Тој, исто така, најави подготовки за состанок на Контакт групата за одбрана за Украина во ноември во американската база Рамштајн во Германија.
Украинскиот министер за одбрана, Евгениј Хмара, претходно изјави дека Украина и нејзините западни сојузници сакаат да разговараат за дополнителна воена помош на следниот состанок во базата Рамштајн.
Зеленски постојано се жали на доцнењата во испраќањето пресретнувачки ракети.
Со помош на Западот, Украина се брани од руската инвазија повеќе од четири и пол години.




