Украинскиот голман Андриј Лунин ќе остане во Реал Мадрид и ќе продолжи да ја има улогата на втор голман во тимот, зад неприкосновениот Тибо Куртоа, пренесува „АС“.
Истиот извор наведува дека Реал Мадрид одбил неколку сериозни понуди за Лунин, кој бил посакуван од други клубови за време на јануарскиот преоден рок.
Лунин во летните преодни рокови во 2024 и 2025 година размислувал за заминување од Мадрид, но во двата случаи на крајот одлучил да остане. Во меѓувреме, украинскиот голман го продолжи договорот со




