Капитенот на Барселона, Рафиња, и официјално стави потпис на нов договор со каталонскиот гигант, со кој ја продолжува соработката до 2030 година.

Рафиња пристигна во Барселона во 2022 година, а досега забележа 190 настапи и постигна 94 голови.

Во тој период освои три титули во Ла Лига, еден Куп на кралот и три Суперкупа на Шпанија, со што се наметна како еден од клучните играчи во тимот.

Бразилецот и оваа сезона игра во извонредна форма.

Од почетокот на натпреварувачката година има постигнато 19 голови, од кои 15 во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите.