Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 15 степени.
Најниска температура од -4 степени утрово е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -3 степени Целзиусови Лазарополе, -2 во Попова Шапка, Маврови Анови и Битола, -1 во Скопје кај Петровец, Тетово и во Крушево, 0 степени во Крива Паланка, Прилеп, Штип и во Струмица, 1 Охрид, Виница, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, 2 во Претор, Куманово, Кавадарци и Велес и 3 степени во Гевгелија.
Фото: Архива




