Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, а во инцидентот е причинета материјална штета – изјава за МИА, Звонко Томески, командант на Противпожарната единица – Скопје.

– Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од којашто поради близина на објектите има зафатено делови од уште две куќи. Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, сега се работи на расчистување. Интервенирано е со девет возила, со 22 пожарникари – изјави Томески.

Тој додаде дека висината на штетата допрва ќе се утврдува.