„Можам да кажам дека кога се спремавме да влеземе во Собранието, очекувавме, нормално лоша состојба во државата, сите ние го живеевме секојдневието на се она коешто ни го носеше, или би рекла повеќе не ни го носеше претходната влада од СДС и ДУИ, но верувајте ми дека првиот шок, би рекла, во Собранието беше моментот кога требаше да се носи ребалансот на буџетот во 2024 година. И ние очекувавме лоши бројки, но кога го отворивме буџетот и кога видовме дека од основни елементарни потреби на луѓето за живеење не се обезбедени, како што веќе напоменавте, неисплатени плати во Македонски шуми, во Водостопанство, неисплатен К-15, воопшто непредвиден К-15 за работниците. Значи законски основи по коишто мора да бидат исполнети овие работи, не беа предвидени во буџетот, буквално истрошен и испразнет буџет за шест месеци, а треба да има за цела година“, рече Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, во емисијата Колегиум на Алфа телевизија.
Во однос на актуелните економски движења, таа посочи дека позитивните резултати се потврдени со официјални податоци од релевантни домашни и меѓународни институции, како ММФ, Светската банка и Државниот завод за статистика. Таа додаде дека седум последователни квартали со економски раст над 3 проценти се јасен показател дека Македонија се движи во позитивна насока.
„Успеавме во делот, најнапред да го консолидираме буџетот и да ја консолидираме онаа состојба која што е затекнавме. И она коешто сега е добар момент, а по коешто, еве не кажувам јас како Драгана Бојковска или како ВМРО-ДПМНЕ, дека веќе Македонија се движи во позитивна насока. Јас секојпат претендирам да ги споменувам бројките коишто не се извор на партискиот штаб, коишто многу често знаат Социјалдемократскиот сојуз да си кажуваат бројки, подготвени само од нивниот партиски штаб, туку ги цитирам бројките од ММФ, Светска банка, од ДЗС. И таму укажуваат дека Македонија, особено во делот на економијата, бидејќи ако зборуваме за буџетот, неминовно е да зборуваме и за економијата, дека Македонија се движи во добра насока. Самото тоа што веќе седум квартали по ред имаме ние позитивен економски раст од над 3%, значи дека државата ја водиме и економијата ја носиме во една позитивна насока, но наша цел е овој тренд да не застане и покрај геополитичките случувања коишто се случуваат во светот“, кажа Бојковска.




