ВМРО-ДПМНЕ во октомври имала поддршка од 24 проценти од граѓаните, СДСМ 8,5 отсто, Левица 6, ДУИ 7,9, ВРЕДИ 7,1 и ЗНАМ 2 процента, покажуваат резултатите од три анкети на три различни истражувачки агенции, изработени за потребите на ВМРО- ДПМНЕ. Две од анкетите се изработени теренски, а една телефонски.

Споредено со претходните анкети, поддршката за партиите е без големи осцилации.

Според анкетата од април, ВМРО-ДПМНЕ имала поддшка од 25,7 проценти, наспроти 8,3 за СДСМ, 5,8 проценти за Левица, 7,9 за ДУИ, 6,2 за ВРЕДИ и 2,3 проценти за ЗНАМ.

Во однос на партиската поддршка од февруари до октомври, ВМРО-ДПМНЕ се движи меѓу 24 и 25 проценти, СДСМ меѓу 8 и 9,3 проценти, Левица меѓу 5 и 6, ДУИ меѓу 7,5 и 8, ВРЕДИ меѓу 6,5 и 7, а ЗНАМ меѓу 2 и 2,5 проценти.

Октомвриските анкети покажале и дека две третини од испитанциите го поддржуваат членството во ЕУ, но дека се зголемува бројот на оние кои се против промената на Уставот за исполнување на таа цел. Покрај кај македонската заедница која 80% е против, расте процентот и кај другите етнички заедници.