Кинескиот претседател Ши Џинпинг, денеска, на аеродромот во Шенжен, лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп, кој пристигна на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК),

Со овој гест кинескиот претседател отстапи од вообичаената практика.

Откако стана шеф на државата, Ши никогаш не се сретнал со американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, пристигнувањето на Ши на пистата е јасен сигнал за важноста што Пекинг ја придава на односите со САД.

Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата вообичаено не ги поздравува гостите по пристигнувањето на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен порано денеска, беше пречекан од Каи Чи, шефот на кабинет на Ши, па дури и тоа се сметаше за невообичаено високо ниво на чест.

Овој потег следува откако претходно годинава Трамп лично го пречека Ши по неговото пристигнување во воената база „Здружената база Ендрус“ во САД.