Премиерот Зоран Заев на вчерашната трибина „Силна економија – шанса за сите“ во Охрид истакна дека многу го сака Охрид и дека работат на проектот касарна, која во овој град е потенцијал за голем локален развој.
– Касарната досега беше бела зона, немаше ниту урбанизми. Затоа што е тука во урбаното јадро. Веруваме дека може да биде добар двигател на развојот на Охрид. Секое катче овде ни е бисерче. Треба да го искористиме на најможен начин.
Министерот Горан Сугаревски потсети дека Заев е бивш градоначалник и дека може да се вклучи дополнително.
На социјалните медиуми веднаш реагираа на тоа како од касарна се прави потенцијален економски двигател.