Шпанската полиција уапси 11 навивачи на Хетафе по судирите со навивачите на Леванте во Валенсија.

Полицијата објави дека навивачите биле уапсени во близина на стадионот Леванте пред почетокот на натпреварот, пренесе „АП“.

Од фудбалскиот клуб Хетафе порачаа дека осудуваат секаков вид на насилство.

Натпреварот заврши нерешено 0:0.