Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите, македонската нација е производ на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод навредите од грчкиот професор и член на комисијата за преглед на македонските учебници по историја.
– ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите искажани од професорот Сафетас кој е дел од грчката комисија која благодарение на аболицираниот Зоран Заев ќе ја прекројува македонската историја и учебниците. Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту некогаш ги имала. СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и взаемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија, се вели во реакцијата.
Срамно, се додава натаму во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ, и недозволиво е што СДСМ со нивната антидржавно делување ја донесе државата до дереџе да биде негирана и понижувана.
– СДСМ противправно и против волјата на народот го смени името на државата и дозволи национална катастрофа. Последиците кои СДСМ ги предизвика врз државата се огромни. СДСМ мора да си замине. Понижувањата не смеат да продолжат. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Народот ќе му каже не на СДСМ, пишува во соопштението на опозициската партија.