На социјалните мрежи се води жестока дебата околу „приоритетот на Владата“ да биде урната железната ограда на седиштето на оваа државна институција, во решавањето на проблемитена граѓаните.

Еден помал дел од граѓаните, најчесто приврзаници на т.н. шарена револуција, кои не можеа да дофрлат со „бомбите од боја“ врз новата фасада на владината зграда, го поздравуваат овој потег на Владата на премиерот Зоран Заев. Ним во шарената револуција им остана нереализиран сон да ја извалкаат новата фасада на зградата на Владата „на режимот“, како што тоа го сторија со новата фасада на зградата на Собранието, која исто така ја направи „режимот“, но и на многу други објекти и споменици во Скопје и во другите општини во Македонија. Затоа сега се восхитуваат на „потегот на Заев“, а некои упорно бараат да се урне и да се врати старата фасада на владината зграда.

Но, далеку се побројни граѓаните, меѓу кои и приврзаници на шарената револуција кои сметаат дека уривањето на оградата не е најважното прашање кое сега треба да го решава Владата. И дека има многу поегзистенцијални прашања за кои треба да се грижи владата на Заев и да исполни поважни ветувања од предизборниот период, со кои дојде на власт, а не со уривање на ограда која е функционална. И треба да се трошат дополнителни пари од буџетот кој го полнат граѓаните за нејзино отстранување.

– Пред неколку месеци полицијата на Заев бркаше Македонци со оклопни возила, со шок бомби, со прекумерена сила, со апсење на новинари, итн. А денес одлучија дека приоритет за Владата е тргнување на оградата пред владата, е една од праките на Фејсбук, упатена преку страницата Ние сме Македонија.

Една од пораките од граѓаните во врска со оваа одлука е: Не е грда фасадата, грда е Владата која урива, наместо да гради!