Името на државата тргнато од зградта на Владата. Утрово ги немаше буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата. Синоќа е тргнато името на државата, најверојатно се прави место за „Северна Република Македонија”.

Грција денеска со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името. Тоа вчера го соопшти алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Тој  ги појасни следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа и кажа дека од понеделник започнуваат обврските во внатрешноста Македонија да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено.