На чекор од 70-тиот роденден, Ричард Гир му посака добредојде на своето второ дете. Неговата сакана Алехандра Силва роди момче, чие име сè уште не е соопштено.
Информацијата дека 69-годишниот актер и неговата 35-годишна сопруга го добија првото заедничко дете ја пренесе шпанското списание Hola!.
Веста за бременоста ја објави Силва на Истаграм заедно со фотографија со Далај Лама.
„Многу специјален момент се случи пред само неколку минути. Добивме благослови за нашето скапоцено кое е на пат… Не можевме да објавиме за бременоста пред да му кажеме на Далај Лама“, напиша таа.
Гир се смета за тибетски будист и е активен поддржувач на Далај Лама.