Министерството за здравство јави за уште една жртва на мали сипаници, со што во период од неколку дена починаа три бебиња.
Синоќа починало 13-месечно бебе од Тетовскиот Регион, кое претходно не било вакцинирано.
Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упати апел до сите родители најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП-вакцината.
Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници, кое имало компликација на белите дробови.